Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, дека се направени 2.624 тестови, а регистрирани се 389 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 204, Битола – 26, Велес – 22, Куманово и Прилеп – по 21, Кавадарци – 20, Тетово – 12, Кичево – 9, Ресен – 7, Охрид и Штип – по 6, Гевгелија и Неготино – по 5, Виница – 4, Гостивар, Струмица, Кочани и Радовиш – по 3, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 2, , Струга, Пробиштип и Демир Хисар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (389), регистрирана е 61 реинфекција.

Регистрирани сe 749 оздравени пациенти од: Скопје – 451, Куманово – 36, Битола – 34, Велес и Прилеп – по 25, Кавадарци – 22, Охрид – 20, Тетово – 19, Гевгелија – 16, Кичево – 15, Штип – 11, Гостивар, Радовиш и Струга – по 7, Струмица и Крушево – по 6, Неготино и Македонски Брод – по 5, Кочани, Крива Паланка и Богданци – по 4, Делчево, Дебар, Валандово и Демир Капија – по 3, Ресен и Свети Николе – по 2, Кратово, Демир Хисар, Берово и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 7 починати лица: 4 починати лица од Скопје (68г, 74г, 75г и 93г) и по едно починато лице од Прилеп (83г), Велес (81г) и Струмица (72г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (3), Гостивар (1), Куманово (1), Охрид (1), Струмица (1) и Штип (1). Починатите лица се на возраст од 62г. до 96г. Лицата за починати се пријавени во период од 19.02. до 26.02.2022. Од пријавените лица 6 лица се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.

Кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.

OhridNews