АМАК СП во Билјанини го пречекува 13 кратниот првак Фершпед Работнички. Се уште охриѓани не се радувале на триумф во мечевите со “шедитерите“ кои се единствената екипа која него положила оружјето во Охрид. И двете екипи се наоѓаат во серија порази. По поразот од МЗТ ФОН, Охриѓани беа на прагот, но не успеаа да го изненадат лидерот Фени Инд. во Кавадарци. Во незавидна ситуација во пресрет на гостувањето во Охрид, е и Ф.Работнички кој се наоѓа во серија од 3 последователни порази. Во првиот дел од шампионатот “шпедитерите“ беа на два пати посупешни, 74-72 во Скопје и 64-70 во Охрид.
Натпреварот кој се игра во СРЦ “Билјанини извори“ почнува во 18.00 часот. Судии се: Петар Денковски, Марјан Мицевски и Зоран Николовски. Делегат е Ѓорѓи Пиперков.
Во реприза на ланското куп финале шампионот Струмица го пречекува Вардар О. Трофејот од ланскиот куп заврши во витрините на “црвено – црните“ 73-66, мала утеха за струмичани беше реваншот во супер купот 99-62. Во атакот на првата позиција во шампионатот тренерот на Струмица 2005, Јорданчо Давитков, нема да може да смета на казнетите Пуповиќ и Бошњак. Единствената енигма, кај Вардар О., е дали на паркетот во Струмица ќе истрча Перо Блажевски. Но и без него во составот совладан беше С. Пелистер со што Вардарци се вратија во трката за место кое води во разигрувањето.
Натпреварот се игра во струмичката сала “Парк“, со почеток во 19.00 часот. Судии се: Антонио Теофиловски, Александар Павлов и Горан Бошковски, а делегат е Илија Божиновски
Најлесна задача во ова кола има МЗТ ФОН кој е домаќин на К. Соколи. На мечот во Аеродром “Штрковите“ очекуваат лесна победа над последнопласираната екипа во лигата со што би ја продолжиле позитивната серија.
Натпреварот помеѓу МЗТ ФОН и К.Соколи се игра во салата “Јане Сандански“, со почеток во 14.00 часот. Судии се: Бојан Ристовски, Данчо Ивановски и Игор Митрески. Делегат ќе биде Ставре Ѓина.
Единствениот натпревар во ова 5 коло кој се игра во Недела е оној во Битола каде С. Пелистер го пречекува лидерот Фени Индустри. Потценувачкиот однос во мечот со Вардар О. им се врати како бумеранг на Пелистерци кои сега ќе мора да се вадат против лидерот. Битолчани во првиот дел од шампионатот го поразија Фени Инд. 78-75. Кавадрачани најмногу стравуваат од битолската публика која по правило е шести играч.
Натпреварот се игра в недела во салата “Младост“, со почеток во 17.30 .Судии се: Зоран Златевски, Тони Ангелов и Јовица Крстевски, а делегат е Методија Крстевски.