Храната е навистина важна кога станува збор за убавината. Всушност, таа има многу поголемо влијание отколку што мислите. Верувале или не, освен што ќе бидете посреќни, ќе изгледате поубаво, а тоа значи дека ќе имате и поголема самодоверба. Затоа, ова е храната што треба да ја прескокнете:

1. Јаглехидрати

Пире, торта и уште многу други омилени јадења се всушност најголемите извори на јаглехидрати. И иако ја чувствувате нивната утеха, тие прават да остарите побрзо. Ако одберете едноставни јаглехидрати како бел леб наместо леб од цело зрно, тогаш го кревате крвниот притисок што го забрзува процесот на создавање на брчки. Јаглехидратите се преработуваат на ист начин како шеќерот што се претвора во глукоза. Откако ќе биде претворена, глукозата се лепи за протеините кои ве штитат од брчки – како колагенот и ги оштетува. Ако ви е потребна доза на јаглехидати одберете такви од цело зрно како овес или кафеав ориз.

2. Млечни производи

За некои луѓе, млечните производи се здрави, а за некои штетни – зависи од организмот. Токму затоа е важно, одлуките поврзани со храната да ги носите врз основа на она што најдобро функционира за вас. Истражувањата покажуваат дека постои врска меѓу акните и млечните производи, но без директна причина и конкретен ефект. Некои кожни експерти веруваат дека млечните производи го зголемуваат нивото на акни поради тестостеронот кој се наоѓа во млекото кој ги стимулира масните жлезди во кожата. Ако забележите дека вашето тело не реагира добро на млечни производи, пробајте да ги избегнувате еден месец и видете дали има промена.

3. Морски плодови

За чудо, морските плодови можат да бидат исто толку штетни како шеќерот. Јастогот, крабите, школките, ракчињата содржат големи количини на јод. Високите нивоа на јод можат да ја воспалат кожата, да ги затнат порите и да предизвикаат црвенило. Ако сте подложни на акни, избегнувајте производи богати со јод.

4. Витамин Б12

Овој витамин игра важна улога во нормалното функционирање на мозокот, нервниот систем и создавање на црвени крвни зрнца. Само, бидете сигурни да не претерате со суплементи. Неодамнешно истражување открива дека во присуство на Б12 се создаваат кожни бактерии кои предизвикуваат акни.

5. Сол

Ако вашата кожа изгледа надуено, тоа може да биде резултат од пресолена храна. Солта, особено јодирана, предизвикува потекување на ткивата, што ја прави вашата кожа надуена и предизвикува акни. За да го намалите нивото на сол во вашата исхрана, ограничете го внесувањето на преработувана храна, бидејќи иако немаат вкус на солено, тие имаат премногу сол.

6. Кофеин

Иако кофеинот можеби ве буди наутро, тој е навистина штетен за вашата кожа. Кафето е диуретик и го спречува телото да ја задржи водата т.е. го дехидрира. Дехидрираната кожа може да биде безживотна, стегната, да ве чеша и прави брчките да се повпечатливи. Ако го пиете со шеќер и млеко, тогаш тоа сметајте го како директен напад врз вашата кожа.

OhridNews
Извор:CrnoBelo