– Бараме судот да го прекине притворот на капетанот на бродот „Илинден“ и истиот да биде ставен во куќен притвор со што ќе се обезбеди негово присуство на судските рочишта, изјави за Ohridnews адвокатот Драги Коровешоски од здружението „5ти Септември“. Тој рече дека има сознанија дека адвокатот на капетанот на бродот „Илинден“ денеска ја изготвил жалбата на одлуката на Кривичниот совет при Основниот суд во Охрид, кој на 5ти октомври му го продолжи притворот на Сотир Филевски за уште 30 дена.
Според Коровешоски мерката притвор пречесто се користи во македонското судство и таа лошо влијае врз лицата кои ја издржуваат. Таков е случајот и со Сотир Филевски кој многу тешко го поднесува притворот, вели Коровешоски.