На 10-ти октомври, ансамблот „Билјана“ во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе го одржи 5-от, јубилеен концерт. Членовите на ансамблот ќе настапат заедно со своите пријатели Мартина Костова Симона Попоска Ѓоко Танески и Петар Нечовски и концертот ќе го посветат на 75 годишнината од народното востание.
Концертот на Ансамбл „Билјана“ почнува во 20 часот.
Влезот е слободен.
OhridNews