Од 4ти до 7ми јули, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе се одржи 57то издание на Бaлканскиот фестивал на народни песни и игри, на кој учество ќе земат фолклорни ансамбли од Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.

Фестивалот свечено ќе биде отворен на 4ти јули во 20 часот со целовечерен концерт на Националниот ансамбл на народни игри и песни ТАНЕЦ. Истовремено во изложбениот центар на центарот за култура ќе биде отворена изложба на влашки народни носии од доц. м-р Ванѓа Димитријева -Кузманоска, која ќе траае до 7ми јуи.

Фестивалот е под покровителство на Собранието и Министерството за култура на Република Македонија.

Влезот е слободен.

ПРОГРАМА:

4ти јули
19.00 Дефиле на фолклорни ансамбли низ Охридската чаршија
20. 00 Свечено отворање НУЦК „Григор Прличев“
Концерт на Национален ансамбл на народни игри и песни од Македонија ТАНЕЦ
– „Раштак“
– Песни во изведба на Сузана Спасовска: „Да сум бистра вода“; „Сношти минав крај рајската
градина“
– „Осоговка“
– „Тресеница“
– Песни – Вокални исполнители: „Крена мартината“; „Сум се родил мераклија“; „Седна баба
да вечера“
-„Беломорски Бисер“
– Сплет Оркестарски Ора: „Моминско оро“; „Играорна Фантазија“; „Естрадно оро“
– „Драчевка“

5ти јули
19.00 Дефиле на фолклорни ансамбли низ Охридската чаршија
20.00 НУЦК „Григор Прличев“
 Ансамбл „Денс плус фолк“ Елбасан Албанија
– “Танцот на Елбасан”
 КУД „Кардашик“ Ресен
– „Учајик“
– „Мастика“
 Фолклорно студио „Блажевски“ Скопје
– „Посеље“
– Блок изворни песни
– Поречки игри
– „Оркестарско оро“
– „Пијанец“

6ти јули
19.00 Дефиле на фолклорни ансамбли низ Охридската чаршија
20.00 НУЦК „Григор Прличев“
 Фолк асамбл „Карановац“ – Србија
– Белградска посевина
– Игри на црните треви
– Вражиту во Кобишница
 КУД”ИЛИНДЕН”-Демир Хисар
– Кореографија „Лазаренки“
– Кореографија „На сред село“
 „Денс плус фолк“ – Албанија
– Машки танц
 КУД „БИСЕР“ – Кичево
– Кореографија „КОПАЧИЈА“; сплет од „Свекрвино оро“, „Четворка“, „Малесора“ и
песната „Ангелино моме“.
 Фолклорен ансамбл „ТИКВЕШ“ Кавадарци
– Игри и песни од Преспа

*21.00 Интеркултурна вечер посветена на соработка и пријателство помеѓу учесниците
(затворен настан)

7ми јули
19.00 Дефиле на фолклорни ансамбли низ Охридската чаршија
20.00 НУЦК „Григор Прличев“
 КУД „Јединство“ Бар, Црна Гора
– Игри од Црна Гора: „ОРО“
– Игри од Шпиц: „Врсута“
– Игри од Маркојевиќ
 ФА БИСЕРИ – Охрид
– Охридски игри

Изложба на влашки народни носии
Доц. М-р Ванѓа Димитријева -Кузманоска
изложбен салон, 4-7 јули, НУЦК „Григор Прличев“ Охрид.

OhridNews