Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 6.928 тестови, а регистрирани се 1 732 нови случаи со КОВИД-19, седум починати и 1.035 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од новозаболените 1.732 случаи во Скопје се 788, Битола – 159, Прилеп – 95, Куманово – 79, Охрид – 57, Кавадарци – 47, Велес – 45, Кичево – 38, Тетово – 35, Штип – 34, Струмица – 33, Ресен – 31, Гостивар – 30, Неготино – 29, Гевгелија – 27, Кочани – 26, Радовиш – 24, Делчево и Крушево – по 20, Струга – 18, Валандово – 16, Демир Хисар – 14, Свети Николе – 13, Берово – 12, Богданци – 11, Крива Паланка – 10, Пробиштип – 5, Дебар, Виница и Кратово – по 3, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 2, Пехчево – 1.
Од вкупниот број на позитивни 1 732, регистрирани се 204 реинфекции.
Регистрирани сe 1 035 оздравени пациенти од нив 10 во Охрид, а во моментов активни се 535.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица, по 2 починати лица од Скопје (68г и 88г) и Велес (57г и 83г) и по едно починато лице од Прилеп (84г), Кавадарци (69г) и Свети Николе (79г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 6 починати лица, од Скопје (3), од Охрид (1), Кавадарци (1) и Куманово (1), на возраст од 0-91 година. Регистрираните се починати во период од 24.12.2021-11.01.2022. Од починатите лица, 4 се починати во болнички, а 2 лица во домашни услови.
OhridNews