Во текот на изминатата недела односно во период од 10 до 14 јануари годинава биле извршени над 200 инспекциски надзори на територија на државава во согласност со надлежностите на Државниот пазарен инспекторат, кои произлегуваат од Законот за заштита од пушење.
За време на надзорите утврдени се неправилности односно непочитување врз основа на член 2 и член 3 од Законот за заштита од пушењето, за што се издадени 56 прекршочни платни налози. Напомнуваме дека казните се високи, па токму затоа даваме апел и известување до правните субјекти врз кои се врши контролата, Законот да се почитува, а граѓаните доколку забележат прекршување на овој закон, да го искористат своето законско право, поднесувајќи пријава до Државниот пазарен инспекторат, велат од ДПИ.
Инаку, според Законот од 2.000 до 4.500 евра е казната за правно лице кое ќе го прекрши Законот за забрана за пушење, а од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во правниот субејкт.
OhridNews