Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 808 тестирања, при што се регистрирани 86 нови случаи со Ковид 19, како и 37 починати и 856 оздравени лица.
Од вкупниот број нови случаи во Скопје се 58, Куманово – 6, Прилеп – 5, Тетово и Штип – по 3, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 2, Кавадарци, Струмица, Неготино, Свети Николе и Крушево – по 1.
Од пријавените 37 починати лица, 11 се од Скопје (48г, 61г, 61г, 65г, 69г, 74г, 76г, 77г, 80г, 83г и 90г), пет лица од Охрид (55г, 64г, 66г, 72г и 85г), по четири лица од Битола (67г, 77г, 89г и 91г) и Кавадарци (71г, 73г, 76г и 78г), по три лица од Куманово (65г, 76г и 84г) и Тетово(73г, 76г и 80г), од Прилеп две лица (53г и 54г) и по едно починато лице од Велес (61г), Струмица (64г), Струга (60г), Делчево (69г), и Валандово(71г). Од починатите пациенти, четири лица се починати во домашни услови, а 33 се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.
Регистрирани се 856 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 377, Битола – 79, Прилеп – 57, Охрид – 55, Куманово – 49, Штип – 36, Велес – 31, Струга – 20, Тетово и Гевгелија – по 19, Гостивар – 16, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 14, Кичево – 9, Струмица – 8, Кочани – 7, Ресен – 6, Берово -5, Богданци – 4, Валандово – 3, Крушево, Виница и Кратово – по 2, Кавадарци, Неготино, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.
Во моментов во Охрид има 475 активни случаи, а во Струга 150.
OhridNews