На денот на ослободувањето на Охрид, 7-ми Ноември, во Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе биде отворена изложба по повод 55 години од творешкиот опус на уметникот Теофил Дамјановски.

На изложбата ќе бидат поместени слики создавани во пет и пол децениската творечка активност на Дамјановски.

Изложбата започнува во 19 часот.

Уметникот Теофил Дамлановски е роден во 1936 година во Лазарополе. Од 1943 до 1960 година живее во Скопје. Во средното училиште дипломирал кај Борко Лазески, а Педагошка академија завршил 1965 година во класата на Ванчо Георѓиев. Носител за Орден за заслуги на народ со сребрена ѕвезда што му го додели Претседателството на СФРЈ во 1982 година. Има самостојни и групни изложби во земјата и странство.

Теофил Дамјановски работел 40 години во основно образование од кои 35 години во ОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид, а од 1978 до 1998 бил директор во истото училиште.


55 години творешки опус на Теофил Дамјановски

OhridNews