Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ денеска  одбележува 55 години од првиот комерцијален лет на аеродромот. Во рамките на прославата е предвиден аеромитинг на кој учество ќе земат сите аероклубови од државава, а се очекува, своето учество да го потврдат и  воздухопловните единици на државните органи.

Посетителите на охридскиот аеродром, денеска ќе имаат можност да видат летови на различни типови моторни и други безмоторни воздухоплови, како и макети од областа на воздухопловното моделарство.

Свеченоста по овој повод започнува напладне со промоција на монографијата „55 години аеродром -Охрид “.