Втора награда на 55. Детски Рацинови Средби, во Велес, освои Кристијан Нестороски, ученик во прва година во ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески“, под менторство на м-р Перчо Божиновски, професор по Македонски јазик и литература.
Наградата е во категорија ученици од сите средни училишта од Македонија, престижна награда од изворот на љубовта, од врутокот на болката, од силата на избликот наречен Рацинов стих. – истакна Божиновски.
На натпреварот учествуваше и рецитаторот Петар Ѓорѓиев, ученик во втора година, со песната „Копачите”.
Љубов – болка,
бол – безизлез,
чемер – восклик,
капка крв од своето тело и душа,
прва изгора и каракамен на гради,
грутка на срце и пламена болка,
светла иднина на новиот човек – титан.
Рацине,
ние кои те наследуваме,
со поклон од срце почит ти даваме!
Честитки за организаторите кои гостопримливо ги отворија своите шимшир порти во градот на Рацин, и за учениците и за менторите кои го негуваат македонскиот јазик и неуморно ги нижат наградите како вистински вљубеници и почитувачи на безвремениот Рацин. – додава Божиновски.
OhridNews