Денеска Институтот за јавно здравје од 761 тестирање, регистрира 106 нови случаи на корона вирус и 603 оздравени пациенти, од кои најголем дел се од Скопје – 230, Охрид – 54 оздравени, Прилеп – 51, Струга – 30.
Истовремено дневната статистика на Министерството за здравство, регистрираше 20 починати лица од Ковид-19, и тоа четири пациенти од Скопје (85, 63, 86 и 77г), еден од Куманово (65г), еден од Дебар (68г), двајца пациенти од Прилеп (75 и 81г), двајца од Битола (84 и 69г), еден од Охрид (55г), еден од Кавадарци (81г), тројца пациенти од Гостивар (55, 59 и 67г), еден од Крива Паланка (82г), еден од Крушево (49г), еден од Валандово (64г) и двајца од Неготино (66 и 80г). Пациентите се починати во болнички услови.
Во моментов во Охрид активни се 463 случаи.
OhridNews