Oбезбедуваме 54 милиони денари за награда на здравствените работници и помошно-техничкиот персонал, кои се борат против Ковид-19. Од почетокот на кризата, но и претходно, Владата предводена од СДСМ презема сериозни чекори за унапредување на здравствениот систем и за зајакнување на неговите капацитети, објави вечерва премиерот Зоран Заев на својот фесбук-профил.
Посочува дека состојбата со коронавирусот е сериозна. Затоа, нагласува, како одговорна партија постојано инвестираме во нашиот здравствен систем, кој со месеци е во борба со пандемијата од Ковид-19.
Следната година следува зголемување на платите во здравството за 10 отсто. Нашата намера е платите во јавното здравство до 2024 да бидат за 40 отсто повисоки од денес. – истакнува премиерот Заев.
OhridNews