Во последните 24 часа направени се 4.021 тестови, а регистрирани се 1.172 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупно регистрираните најмногу се во Скопје-629, Битола – 109, Куманово – 64, Охрид – 53, Штип – 36, Тетово – 35, Кавадарци – 30, Велес и Кичево – по 27, Прилеп – 25, Струмица – 24, Гостивар – 23, Ресен – 20, Гевгелија – 19, Струга – 11, Неготино – 9, Свети Николе – 7, Крива Паланка и Богданци – по 5, Кочани – 3, Радовиш и Виница – по 2, Берово, Дебар, Валандово, Кратово, Крушево, Демир Хисар и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.172), регистрирани се 145 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 6 починати лица од Скопје (65г, 69г, 70г, 78г, 83г и 84г), 3 од Битола (32г, 72г и 79г) и по едно починато лице од Велес (30г), Охрид (63г) и Прилеп (62г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице од Струмица (59г) починат на 15.01.2022, во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица, пет лица биле целосно вакцинирани, информираат од Министерството за здравство.
Досега во земјата се направени вкупно 1.727.856 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 250.876, бројот на оздравени пациенти е 223.606, на починати е 8.166, а бројот на активни случаи изнесува 19.104.
OhridNews