Споредено со лани, интернет пенетрацијата во Македонија годинава бележи зголемување за два процента, што покажува стабилен раст во користењето на интернетот.
Студијата на ГФК годинава евидентирала пораст на користењето на интернетот од страна на женската популација, но се уште има разлика меѓу мажите и жените во поглед на упоптребата на овој медиум, односно мажите се негови побројни корсиници.
Според старосната структура, евидентно е значително зголемување на бројот на интернет корисниците кај македонските граѓани на возраст од 25 до 34 години, исто како и на тие меѓу 35 и 44 години.
ГФК Групацијата, една од водечките меѓународни институти за истражување на пазарот, заклучува дека глобалната економска криза, имаше многу помало влијание во овој сектор во однос на останатите економски сектори.