Пристапот до интернет пораснал за 4% во изминатата година, па сега околу 51% од жителите на ЕУ се поврзани на светската мрежа.
Официјалното статистичко биро на Европската Унија (Еуростат) објави дека мажите користат интернет многу повеќе од жените – 51% наспроти 43%.
Испитувањето на старосната структура на корисниците покажува дека најмногу интернет користи младата популација:
 

 Од 16 – 24 години  73%
 Од 25 – 54 години  54%
 Од 55 – 74 години  20%

Холандија има највисоко ниво на интернет пристап, околу 80% додека убедливо најмалку во ЕУ интернет користат Грците, само 23%. Европејскиот просек е 52%.
Учесниците во анкетата, запрашани за што најмногу го користат интернетот, во 46 насто од случаите одговориле – за електронска комуникација (е-mail, video conference итн.), 27% за on – line купување, а 11% барале работа на „мрежата“.
Немаме официјална статистика за тоа колкав е интернет пристапот во Македонија, но ако го читaте овој текст веројатно сте еден од оние десетина проценти корисници.

С. Костоски

извор:
Euronews