Во последните 24 часа направени се 661 тестирања при што се потврдени 52 нови случаи на пациенти позитивни на коронавирус. Во скопје 26, во Куманово 6, во Штип 7, во Тетово 9, во Струга 2 и по еден пациент во Велес и Кочани.

Починати се 4 пациенти на возраст од 73, 82, 76 и 55 годишна возраст, информира министерот за здравство Венко Филипче. Потврдено е дека се излекувани се 30 пациенти.

Според министерот Филипче, ваквото зголемување на бројот на заболени е резултат на непочитување на граѓаните на препораките за заштита на населението од коронавирус, пред се поради не носењето на заштитни маски.

Во моментов вкупниот број на дијагностицирани пациенти во земјава сега е 2.129.