– Од 1957 година овој медиум пуслира со својот град. Заедно со Охрид и Радио Охрид го изоде трновитиот пат на транзицијата со сите тешкотии, опстојувајќи на својата мисија секогаш да биде вистински јавен сервис на граѓаните, вели главниот и одговорен уредник на радиото, Васе Врангалоска.
Овој влијателен и еминентен локален медиум најтешките моменти ги доживува во последните неколку години. Радиото се трансформира од јавен сервис во приватен медиум, а дел од познатите радио-гласови ја променија работната средина. И покрај тоа Радио Охрид продолжи да опстојува и да го негува својот добро познат концепт, но и да понуди нови содржини на слушателите. Радиото сеуште се наоѓа во тешка состојба, но вработените се надеваат дека нема да се дозволи тоа да згасне.
– Да не дозволиме да пропадне богатата фактографија и аудио наследство на Охрид, истакна Врангалоска, која се надева дека радиото ќе продолжи да опстојува и натаму.
Радио Охрид отсекогаш бил расадник на новинари и водители, а дел од нив денеска работат во највлијателните национални медиуми.