Според единствениот избирачки список во Охрид запишани се вкупно 52.477 гласачи објави Државната изборна комисија. Во Дебрца запишани се 4.350 гласачи, а во Струга 61.437 лица. Во Охрид активни се вкупно 88 избирачки места.
Формирани се и избирачките одбори кои ќе го спроведуваат овој изборен процес.
Од утре па во наредните осум дена започнуваат обуките на избирачките одбори. Обуките ќе се одвиваат во групи. Едната група ќе биде во ОСУ„Св.Климент Охридски“, а другата група во голема сала на Општина Охрид, информираат од ОИК Охрид.
Годинава избирачките одбори во добар дел се составени од нови членови и затоа е важно да ги посетат обуките, додаваат од ОИК Охрид.
К.А.