Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на ковид-19 во, од кои 15 во Охрид. Најмногу нови случаи има во Скопје-261, Тетово 30, Струмица 23, Прилеп 21, Битола 21, Штип-19…

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 200 оздравени пациенти од: кои 3 во Охрид.

Починати се девет лица, четири пациенти од Скопје (36, 60, 65 и 53г), еден пациент од Штип (66г), еден од Радовиш (72г), еден од Струмица (71г), еден од Пробиштип (75г) и еден пациент од Македонска Каменица (44г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25991, бројката на оздравени пациенти е 18247, на починати е 883, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6861

OhridNews