Татјана Шонмакер, освои златен медал со нов светски рекорд, во трката на 200 метри градно, на Олимписките игир во Токио.

Нападот на светскиот рекорд, Шонмакер го најави во квалификациите. Во финалето, 24-годишната пливачка забележа време 2:18.95 минути, го собори планетарниот рекорд и стана првата пливачка која делницата ја испливала за помалку од две минути и 19 секунди.

Претходниот рекорд на Рике Педерсен од 2013 година изнесуваше 2:19.11 минути.

Останатите две места на победничкиот пиедестал им припаднаа на Американките. Среброто го освои Лили Кинг (+0.97), а бронзата Ени Лазор (+1.89).

Златен медал со нов олимписки рекорд освои Ема Мекион од Австралија во трката на 100 метри слободно. До победата дојде со време 51.96 секунди. Второто место го освои Бернадет Сиобан, а третото Кејт Кемпбел.

  • Злато со олимписки рекорд за Рилов

Евгениј Рилов од Русија, со нов олимписки рекорд, го освои златниот медал на трката на 200 метри грбно.

Рилов победи со резултат 1:53.27 минути. Второто место му припадна на Американецот, Рајан Марфи, а третото на Лук Гринбенк од Велика Британија.

Марфи зад победникот задоцни за 88 стотинки, а Гринбенк за секунда и 45 стотинки.

Рилов досега во Токио има освоено три медали, покрај златото на 200 метри грбно, тој го освои најсјаниот медал и во трката на 100 метри грбно, додека со руската штафета 4×200 метри слободно го освои сребрениот медал.

OhridNews