Српскиот ракометар Алекса Милошевиќ е нов член на Ракометниот клуб Охрид.

„Гладијаторите“ со доведувањето на корпулетниот Милошевиќ (199 см) кој игра на десната бековска позиција решија голема дилема во ростерот од екипата.

Милошевиќ со искуството и предиспозициите треба да биде големо засилување на Охрид во двата правци на теренот.

Србинот е второ ново име во охридскиот состав. Охриѓани мразот на трансферот го скршија со ангажманот на десното крило Мице Шилегов.

OhridNews