Во последните 24 часа Направени се 3.622 тестирањe, а регистрирани се 511 нови случаи на КОВИД-19 и тоа : Скопје – 247,  Куманово – 54, Велес – 29, Кочани – 21, Битола – 20, Тетово, Прилеп, Кавадарци и Штип – по 15, Крива Паланка – 10, Делчево – 9, Гевгелија – 8, Кичево – 7, Неготино и Свети Николе – по 6, Виница – 5, Охрид и Богданци – по 4, Струмица, Радовиш, Валандово и Кратово – по 3, Ресен и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Берово, Пробиштип, Крушево и Македонкса Каменица – по 1.


Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје (82г,79г,64г и 51г), 2 починати лица од Куманово (81г и 49г) и по едно починато лице од Битола (71г), Велес (75г), Штип (67г) и Македонска Каменица (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 497 оздравени пациент од кои 10 пациенти се регистрирани во Охрид.
Досега во земјата се направени вкупно 1.369.624 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200.412, бројот на оздравени пациенти е 187.149, на починати е 7.072, а бројот на активни случаи изнесува 6.191