Селекцијата на Шпанија е првиот патник во топ 4 на Европското првенство. „Црвената фурија“ во четвртфиналето ја совладаа Швајцарија после изведувањето на пенали со 3-1, откако регуларниот дел и продолженијата завршија без победник 1-1.

Пенал рулетот изобилуваше со добри погодоци и голмански одбрани. Бускетс прв промаши, а Гаврановиќ погоди за водство на Швајцарија. Во втората серија Олмо реализираше за Шпанија, Шер на спротивната страна не реализираше. Во третата промашија Родри и Аканжи и резултатот остана 1-1. Во четвртата Жерард Морено донесе водство за Шпанија, а Швајцарија не успеа да изедначи. Во петтата Орјазабал ја погоди мрежата и донесе полуфинале за шпанците.

Во регуларниот дел од мечот Шпанија поведе со автоголот на Закарија во првиот дел. Во второто полувреме Шаќири донесе егал. Во финишот од мечот Швајцарија остана со фудбалер помалку, но шпанците не успеаја да ја капитализираат бројчаната предност.

Во 1/2 финалето Шпанија ќе се судри со победникот од четвртфиналниот дуел помеѓу Белгија – Италија.

OhridNews