Во последните 24 часа се направени 3114 тестирања, а регистрирани се 1161 ковид позитивни, од кои 51 во Охрид. Починале 26 лица, а оздравеле 806 пациенти, соопшти вечерва Министерството за здравство.

Најмногу нови случаи има во Скопје-410, по што следи Битола со 75, Прилеп со 59, Тетово – 58, Кавадарци и Велес по 55, Куманово и Штип по 54, Охрид 51, Гостивар и Гевгелија-38, Кочани-28, Струмица-27, Струга-25, Неготино-24, Дебар-19…

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 806 оздравени пациенти 33 од Охрид.

Од починатите 26 лица, седум пациенти се од Скопје (61, 66, 63, 67, 68, 64 и 30г), двајца од Куманово (53 и 63г), двајца од Штип (64 и 78г), двајца од Прилеп (85 и 85г), еден пациент од Струга (71г), еден од Битола (61г), четири пациенти од Гостивар (57, 83, 76 и 75г), еден од Струмица (80г), еден од Крива Паланка (73г), двајца од Кочани (66 и 67г), еден од Пробиштип (35г), пациент од Делчево (64г) и еден од Кичево (66г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 1973, а активни се 579.

OhridNews