Изминатиот викенд на стрелиштето во Бејбунар, Охрид се одржа 51. Државно првенство во стрелање со сериска воздушна пушка. На натпреварувањето на кое учество зедоа околу 100 тина натпреварувачи почесен гостин беше Бошко Шашоски, пионерски шампион на поранешна Југсолавија од првото стрелачко државно првенство во Белград одржано во 1957 година .

Валентина Гоџоска од СК Охрид беше најдобро пласирана во сениорска конкуренција во која доминираа охриѓанки завземајќи ги првите три места.На вторoто се најде Јулијана Крстановска  додека третопласирана заврши Гордана Манчиќ .

Во категоријата пионери најдобар резултат поединечно постигна Влатко Поп-Антоски од СК Херој Прилеп од Прилеп 177 круга, додека  Апостолоски Бобан со 166 круга заврши на третото место. Екипно охридските стрелци се најдоа на второ место со 477 круга, пет помалку од СК “РЕК-Битола” – Битола со 482.

Кај пионерките најмногу кругови погоди Тамара Трајковска од СК Јане Сандански од Битола.

Во категоријата младинци и младинки поединечно најдобри беа Филип Стојановски и Билјана Нечевска од клубот РЕК Битола . Младинците од СК “Ристо Шапкар” екипно се пласираа на второто место со 819 круга . Најдобро пласирани се СК Гоце Делчев со 841.

Кај сениорите најдобро пласиран беше Љупчо Радовски чиј клуб Тетекс од Тетово го освои и првото место екипна категорија.

ohridnews