Охриѓанецот Дејан Ангелоски се закити со титулата апсолутен победник и Државен првак, триумфирајќи на Планинската трка „Козјак Вертикал“, која се одржа на планината Бабуна.

Делницата од 3,7 километри со искачување од 1050 метри, Ангелоски ја помина за 42 минути и 10 секунди, поставувајќи рекорд на патеката.

Ова беше една од најекстремните форми на трка, со скроз суров и престрмен терен и со кратка но претешка патека. Дадов се од себе и пресреќен сум што успеав да победам, – ни изјави Ангелоски.

За Ангелоски ова е втор голем успех за краток временски период. На крајот од месец март, Ангелоски победи на Планинската трка „Водна Матка“.

OhridNews