Без победник 1-1 (1-0) заврши пресметката помеѓу Струга Трим Лум и Работнички, на Градскиот стадион „ФК Караорман“, во рамките од 27-та рунда од Првата македонска фудбалска лига.
Стружани го отворија резултатот во 33-та минута од натпреварот. Марјан Алтипармаковски одлично продре по десната страна и го пронајде Филип Миленковски, кој од непосредна близина го совлада гостинскиот голман. Претходно, струшките фудбалери бараа удар од белата точка после стартот на Тодоровски над Алтипармаковски.
Работнички бод во Струга обезбеди со голот на Марио Станковски на стартот од вториот дел. Гостите со мала доза на среќа ја погодија мрежата на домаќините и со голем бод заминаа од Струга.
Шкендија, пак, на домашен терен, со минимални 1-0 го совлада тимот на Академија Пандев, а конкурентот Шкупи, шокатно изгуби од Беласица со 0-1. Предноста на табелата е двоцифрена и најверојатно ќе биде доволна за шампионската титула.
- Резултати:
Македонија ЃП – Борец 2-1
Пелистер – Силекс 3-2
Шкендија – Академија Пандев 1-0
Шкупи – Беласица 0-1
Струга ТЛ – Работнички 1-1
Вардар – Ренова 1-1
Табела: Шкендија 62, Шкупи 49, Македонија ЃП 47, Струга ТЛ 41, Работнички 40, Пелистер 35, Борец 33, Академија Пандев 31, Силекс 29, Ренова 28, Вардар 28, Беласица 17.
OhridNews