Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“, Lions клубот Лихнидос и компанијата ‘ПАП’ – Охрид го обоија и нашиот град во сино, испраќајќи силна порака за поддршка на лицата со аутизам и нивните семејства.

Илјадници културни обележја, згради, домови и заедници ширум светот денес 2 април ќе се обојат во сино одбележувајќи го светскиот ден на аутизмот.

Ќе се одржат настани и едукативни активности со цел да се зголеми разбирањето и прифаќањето на лицата со аутизам, да се поттикне поддршката и да се мотивираат поединци и институции во креирање на пољубезен и поинклузивен свет за сите.

OhridNews