504 првооделенци од сите основни училишта во Охрид ќе бидат дел од Охрид трчаТ детската трка која ќе се одржи на 9 мај, традиционално во органзација на АК Охрид трчаТ. Од оваа година започнува нова традиција во која секоја година сите првачиња на територија на Општина Охрид ќе имаат можност да се дел од Охрид трчаТ Детска трка.

Ќе учествуваат сите првооделенци со согласнот од родителите. Станува збор за неформална трка каде сите учесници (првачиња) ќе истрачаат 100 метри поделени во групи. Оваа трка нема победници на оваа трка сите се победници како што и требиТ кога станува збор за дечиња од 6 години. Учеството на трката е секако бесплатно и за сите учесници АК Охрид трчаТ обезбедува маица, медал (финишер) и вода, вели Иван Цветкоски, директор на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“.

Маичките се веќе доставени до поголем дел од училиштата, во текот на денешниот ден ќе се достават до сите. На територија на нашава држава настан од вакви размери да бидат вклучени 504 деца до сега немало што не прави посебно горди, но и значи обврска за се да биде организирано како што треба, додава Цветкоски.

Оваа година, вели Цветкоски, покрај традиционалните поддржувачи на Охрид трчаТ Детска трка, Општина Охрид и сите основни училишта на територија на Охрид, и Делегацијата на ЕУ во Република Македонија одлучи да го поддржи настанот и сите заедно да се вклучиме во одбележување на денот на Европа (9 мај), да ги промовираме европските вредности за здрави навики и секако да придонесеме кон градењето на повисока свест за спортување.

Дополнително новина за овогодинешното издание на Охрид трчаТ Детска трка е нашата посветеност кон животната средина и нејзината заштита така што паролата на трката за оваа година е тркачко зелена, Run and Be GREEN!, потенцира Цветкоски.

Почетокот на трката е предвиде во 12 часот на Градскиот стадион каде предвидено е родителите да бидат сместени на новата трибина, а внатре на самиот терен да бидат децата, учителите, организаторите.

Н.С.Ј.