Се проценува дека во моментов околу 5000 студенти од Македонија учат на странски факултети, но државата нема прецизни податоци за бројот на млади кои се образуваат надвор од земјава.
Ова во разговор со новинарите во Охрид денеска го изјави професор д-р Гале Галев, декан на правниот факултет во Скопје и поранешен министЕр за правда.
Галев вели дека Македонија сеуште нема изготвено база на податоци со што точно ќе го знае бројот на студенти кои учат дома и надвор, но она што е поважно нивниот профил и степен на едукација.
Тој рече дека таков проект бил започнат во времето кога тој бил минмистер, но дека истиот по доаѓањето на другите влади едноставно бил заборавен.
Г.М.