Во рамки на Неделата на животна средина, Одделението за урбанизам и заштита на животна средина при Општина Охрид ќе подели 500 жардиниери со цвеќе на жителите од централното градско подрачје кои живеат на улиците: Кеј Маршал Тито, Македонски Просветители, Гоце Делчев ( од првиот чинар на плоштадот до вториот чинар) ,Даме Груев ( од ул.Македонски Просветители до пресекот со бул.Туристичка )и бул.Туристичка (од Охридска Банка до Маркет Макси Д ).

Акцијата ќе се спроведе денес и утре од 10 до 13 часот на локацијата помеѓу ТЦ. Амам и комплексот Летница.

Граѓаните од горе споменатите улици цвеќето ќе можат да го подигнат со лични документи за идентификација.