Голманот на Реал Мадрид, Икер Касиљас, вечерва на гостувањето кај Ксерез ќе го забележи 500. настап за својот тим.


До јубилејната бројка, тој стигнува на 28 години откако веќе една деценија е стандарден на голот на “Кралскиот клуб” Дебито го забележа во сезоната 1999/2000 во мечот против Атлетик Билбао и оттогаш освои две титули во Лигата на шампионите и четири во Примера.


Касиљас беше капитен на шпанската репрезенtација на Европското Првенство во Австрија и Швајцарија, на кое триумфираше “Фуријата“.

Ohridnews