ФФМ ги одреди цените на билетите за престојниот пријателски натпревар со Црна Гора на 3 март во Скопје (14,30 ч.), што ќе бидат во продажба од 25 февруари. 200, 400 и 500 денари ќе чинат билетите за да се проследи натпреварот со Црна Гора, а на располгање ќе биде само северната трибина која има капацитет од 10 илјади места.


Повторно непопулраен потег на водечките луѓе во федерацијата кои ја одредуваат цената на билетите. Апсурдот оди до таму што двојна поголема е цената за да се гледа 72 – та селекција на фифа рејтинг листата, откако цената кога во Скопје гостуваше европскиот првак, репрезентацијата на Шпанија.


Со вака неполураниот потег ФФМ ризикува натпреварот да го одигра пред празни трибини. Противникот ни оддалеку не  атрактивен, па од внатрешноста да се тргне по ова невреме во државата да се проследи селекцијата на Црна Гора. Згора на тоа натпреварот се игра во работно време (14.30) па ретко кој ќе се одлучи да “кидне“ од работа и да издвои петстотни денари за да ја гледа Македонија – Црна Гора, која имајќи ги предвид условите во кои ќе се игра, повеќе ќе наликува на борба во кал, отколку на фудбалски спектакл.  

М.П.