Прекршочни пријава и глоба од 500 евра заработи Р.Р.(36) од Скопје кој вчера на митинг на ВМРО ДПМНЕ се обидел со спреј да го нападне лидерот на партијата Никола Груевски.
„На 05.10.2017 година од 20,30 до 22,15 часот во Скопје на плоштадот „Јадран Сквер“, во организација на политичката партија “ВМРО-ДПМНЕ“, се одржал јавен собир. За време на одржување на собирот, во 21,55 часот во ПС-Центар бил приведен Р.Р.(36) од Скопје бидејќи истиот прснал со гасен спреј за заштита во правец на бината, во време кога говорел претседателот на политичката партија “ВМРО ДПМНЕ“.
Во 22,15 часот во ПС-Центар, Д.Г.(29) од с.Орешани-скопско кој бил во публиката во непосредна близина на бината, се пријавил како оштетено лице (испрскан од спреј-солзавец) од страна на Р.Р. Против него ќе бидат поднесени прекршочни пријави по член 4 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и член 80 од Законот за оружје, воедно издаден му е и платен налог во висина од 500 евра.“ – соопшти МВР.
OhridNews