Половина од македонските граѓани летувале во Охрид, покажале резултатите од анкетата на WEB-DEP, пренесе МИА.

Од 264 граѓани кои одговориле на прашањето „Која дестинација ја избравте годинава за летните одмори“, 50 проценти се изјасниле дека одморот го минале во Охрид, 19 проценти во Струга, 11 во Претор и седум проценти во Отешево.