Околу 50 лица веројатно го загубија животот во разорното торнадо што го погоди Кентаки доцна вчера и рано утринава, изјави гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, цитиран од Вашингтон пост.
Бешеар во интервју за локалната телевизија WLKY изјави дека бројот на загинати може да биде „биде значително поголем“.
Информациите што доаѓаат се навистина болни, рече тој, пренесе „Пост“.
Си-Ен-Ен јавува дека невремето што од вчера вечер опустоши вкупно пет американски сојузни држави создаде најмалку 19 торнада, што предизвикаа огромни штети и дека има жртви и во другите држави.
Торнада биле регистрирани во Арканзас, Мисури, Тенеси, Кентаки и Илиноис, се наведува во соопштението на Центарот за предвидување бури на Националната управа за океани и атмосфера.
Над 55 милиони лица ширум САД вчера се најдоа во опасност од невремето, а најмалку 157.000 домаќинства останаа без струја.
OhridNews