По завршувањето на вечерната богослужба ќе се отслужи панихида за упокоениете учесници на Вториот Црковно-народен Собор, а вечерта во катедралниот храм „Света Софија“ ќе се одржи Свечена Академија по повод јубилејот. На свечената академија влезот е слободен и може на неа да присуствуваат сите заинтересирани граѓани.
На 5 октомври (недела), во катедралниот храм „Света Софија“, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на сите македонски светители“, и по повод 50 годишниот јубилеј од возобнувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската православна црква. Со богослужбата која започнува во 9 часот, ќе чиноначалствува неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение со митрополитите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква, како и со повеќемина свештенослужители.