Жена стара 50 години е уапсена во Аргентина поради киднапирање, откако го напуштила постариот љубовник и побегнала со новиот љубовник кој има 12 години.

После расправијата со љубовникот жена со потекло од Парагвај, му соопштила дека ке оди да живее со дете во кое е „страсно заљубена“.

Напуштениот маж ја известил полицијата откако приметил дека дека жената и детето во исто време исчезнале од нивните домови, во местото Пасо Де Лос Либрес, во близина на аргентинско – бразилската граница.

Полицијата ги пронашла во куќа кај нејзина пријателка, а жената е уапсена и против неа ќе биде покрената постапка поради „киднапирање и сексуално злоставување на малолетник.