На денешен ден пред точно педесет години на тој 9 септември 1959 годин Нико Нестор влезе во легендите. По точно 12 часа и 6 минути во вода, големиот Ла Манш долг 33 км беше скротен.
Нестор стартувал со уште двајца маратонци, Шпанецот Родригез и Мексиканецот Мигуел Гонзалез на 9 септември во 36 минути после полноќ од ‘ртот Кап Грин, близу Кале, Франција.
За англискиот печат, кој пишуваше за храброто момче од Охрид и неговиот подвиг, ова беше голема и необична вест, бидејќи тој беше првиот човек од тогашните комунистичките држави, од т.н. „железна завеса“.
– Јас, Ла Манш го пливав за Македонија, за македонскиот народ, за моите сограѓани, кои многу го посакуваа овој подвиг. Додека пливав во студените води, мислите постојано ми лутаа кон нив, кон мојата Македонија. Не сакав ниту да помислам за некаква криза или пак, некакво откажување. Не смеев да ги разочарам – гордо вели во изјава за “Нова Македонија“ тивкиот и скромен Нико.
Кога се врати во Македонија, весникот „Нова Македонија“ прв организира пречек, како и тогашните „Усни Новини“ во Работничкиот дом во Скопје, кој беше озвучен и целиот исполнет со луѓе. По дочекот во Скопје, Нестор како херој бил дочекан и во Охрид.
– Кога стигнав во Охрид, што да видам, плоштадот беше преполн со народ. Величествен пречек. Луѓето постојано нешто фрлаа кон нашиот автомобил: кој локум, кој наполитанки, кој цвеќе, сé што имаа во тој миг. Ние, просто немавме каде да седнеме во автомобилот, па сиот пат до Охрид стоевме. А, таму, веќе ме подигнаа на раце. Истиот тој ден, пристигнуваа и некои доктори, кои требаше да одржат свој конгрес во Охрид. Тие просто се чудеа: како може некој вака ненајавен да доаѓа во Охрид, а да му се организира ваков пречек? Само претседателот Тито може вака нешто да доживее, коментираа тие. Сметам дека Струга и Охрид таков пречек во нивната историја не паметат – вели Нестор.
Нико Нестор е роден на 10 јуни 1934 година во Струга. Завршил средно-фискултурно училиште и виша школа за надворешна трговија во Белград. До прво одделение живее во Струга, а потоа се сели во Охрид. Во 1946 година се зачленува во пливачко-веслачкото друштво „Охридски бранови“. Неговиот омилен стил е краул. Долго време бил македонски рекордер на 50, 100, 200, 400, 1.000 и 1.500 м, а играл и ватерполо.
Во 2000 година е назначен за претседател на возобновениот Охридски маратон, а денес е негов почесен претседател. Настапувал на повеќе маратони ширум светот. Охридско езеро од „Свети Наум“ до Струга го препливал повеќе пати, а првпат на 19 август 1958 година.
Денес живее во Скопје. Своите пензионерски денови не ретко ги минува во базените, а често пешачи и планинари на Водно. Добитник е на доживотна пензија од Агенцијата за млади и спорт (АМС) за постигнати спортски резултати.
ГРК Охрид во сабота во рамки на 13 коло од Супер лигата гостува кај екипата на РК Бутел во Скопје Ракометарите со оптимизам за освојување на бодовите Во сабота не очекува незгодно гостување Играме ...
Охридските боксери Димитар Ѓорески, Наум Стојаноски и Енис Алиу како дел од македонската репрезентација минатата недела настапија на Балканското првенство во Лозница, соседна Србија Во силна конкур...
Значајни резултатите постигнаа каратистките од карате клубот „Кун-су-то” Охрид на Меѓународниот карате турнир „Скопје гран при 2024″ кој се одржа во Скопје На турнирот Анастасија Смилев...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.