Со низа свечености и активности, Јавната установа Национален парк Галичица деновиве ќе ја одбележи 50 годишнината од основањето.


Активностите по повод јубилејот ќе започнат на 27 октомври, сабота, со вежба за спасување параглајдерист. Во рамки на свеченостите ќе биде отворена изложба на фотографии од ученици „Галичица во есен“, ќе биде промовирана  официјалната веб страна на националниот парк, како  и серија проспекти за природното и културното наследство на паркот. На влезот во националниот  парк кај Билјанини извори  ќе бидат промовирани информативните табли „Селата во Национален парк Галичица“ и ќе биде отворена едукативно-рекреативна патека „Запознајте ја Галичица“. Во склоп на свеченостите ќе се одржи и Конференција – Предизвици и перспективи во заштитата на националните паркови.

Ohridnews