Американскиот рапер наскоро ќе започне со снимање на драмата “Twelve”, како и спортската драма “Things Fall Apart”. Британските медиуми соопштуваат дека нему веќе му здодеало што мора да го шминкаат повеќе часа пред секое снимање за да ги сокријат неговите бројни тетоважи.
Наводно раперот сериозно размислува да ги отстрани тетоважите со ласер. Изјавил дека тој процес веќе е во тек и дека се радува што нема да мора да поминува долго време кај шминкерите.