5 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали освоија младите охридски каратисти од карате клубот „Кун-су-то“ Охрид на меѓународниот карате турнир „Фунакоши Гичин“ кој се одржа во Скопје на 2 април со присуство од над 500 натпреварувачи.
Со златни медали се закитија Марија Велкова во категоријата кати женски 2012, Јована Петреска во категоријата кати женски 2010 ниво II, Матеа Грозданоска во категоријата кати женски ниво III, Климент Јанеску во категоријата кати машки 2010 ниво II и Дамјан Митревски во категоријата борби помлади кадети -36 krg.
5 златни, 3 сребрени и 2 бронзени медали за каратисти од охридскиот Карате клуб „Кун-су-то“
Сребрени медали освоија Козма Митрески во категорија борби помлади кадети – 36 kgr и Тамара Ѓурчиноска во категоријата јуниорки +59. Во категоријата борби јуниорки – 59 kgr Тамара освои бронзен медал.
Бронзени медали освоија и Анастасија Смилевска во категоријата помлади кадети – 50 kgr и Наум Велески во категоријата борби учесници – 42 kgr.
OhridNews