За време на најлесниот начин на депилација корисно е да се следат неколку правила.

Без разлика каков брич имате, овие неколку трикови ќе ви помогнат за време на отстранувањето на влакната да ја намалите иритацијата и да ја спречите можноста за враснување на влакненцата.

1. Пред да започнете, пожелно е на нозете да нанесете топол пешкир или да се истуширате со топла вода – топлината ќе ги омекне влакненцата.

2. За да ја избегнете иритацијата на кожата и враснувањето на влакната, немојте премногу да притискате со бричот, немојте многупати да поминувате по едно место, и отстранувајте ги влакната во смер спротивен од нивниот раст и задолжително користете гел или пена за бричење.

3. Ако имате враснати влакненца, пред депилацијата користете гел, лосион или некој производ за забавување на нивниот раст со гликолна или салицилна киселина. Тие ќе ги отстранат мртвите клетки од кожата од нејзината површина и ќе го олеснат процесот на отстранување на враснатите влакна.

4. Бричот менувајте го често, тапите и недоволно остри ќе ја иритираат кожата и ќе предизвикаат враснати влакна.

5. После бричењето не е добро да користите антипреспиранти. Тие содржат соли на алуминиумот кои ја надразнуваат кожата. Користете дезодоранс со глицерин, тој ќе го намали црвенилото и ќе ја омекне површината на кожата.

извор:www.cromoda.com