Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.365 тестови, а регистрирани се 93 нови случаи со КОВИД-19 и 85 оздравени пациенти.

Од 93 новозаболени од Скопје се 51, Битола – 15, Охрид – 5, Тетово и Кавадарци – по 4, Прилеп – 3, Велес и Штип – по 2, Куманово, Струмица, Кичево, Струга, Гевгелија, Ресен и Берово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (93), регистрирани се 12 реинфекции.

Од 85 оздравени пациенти од Скопје се 40, Битола – 10, Струмица – 8, Охрид – 5, Велес – 4, Кавадарци – 3, Тетово, Струга, Гостивар, Кочани и Валандово – по 2, Штип, Кичево, Гевгелија, Ресен и Радовиш – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ дополнително не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.

OhridNews