Нови 524 случаи на КОВИД-19 од 3126 тестирања, 565 оздравени и девет починати пациенти се регистрирани во изминатите 24 часа. Министерството за здравство информира дека дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, пријавени се и осум починати лица со датум на смрт од 24 октомври до 13 ноември 2021.
Од новодијагностицираните, во Скопје се 215, Битола – 44, Кавадарци – 27, Куманово и Крива Паланка имаат по 24, Прилеп, Велес и Кочани по 21, Берово – 15, Делчево – 14, Тетово – 13, Гевгелија – 10, Неготино – девет, Кратово – осум, Штип и Демир Хисар по шест нови случаи, Охрид, Радовиш, Виница и Валандово по пет, Кичево, Ресен и Богданци по четири, Гостивар и Струга по три, Струмица и Пехчево по два и по еден новозаразен е регистриран во Свети Николе, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран.
Од 565-те оздравени пациенти, од Охрид се 6. Во Охрид во моментов активни се 237 случаи.
Од деветтемина починати во изминатото деноноќие, тројца се од Крива Паланка (67г, 73г, и 81г), две лица се од Скопје (71г, и 77г) и по едно починато лице се од Битола (75г), Кочани (78г), Пробиштип (66г), и Тетово (67г). Сите се починати во болнички услови.
Меѓу дополнително пријавените осум починати од КОВИД-19 од системот Мој термин, со датум на смрт од 24 октомври до 13 ноември 2021, по двајца се од Скопје и од Велес и по еден од Гевгелија, Крива Паланка, Кочани и Тетово. Починатите се на возраст од 66 до 94 годни, пет од нив починале во домашни услови, а тројца се починати во болница.