Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 4.751 тестирања, а регистрирани се 409 нови случаи со КОВИД-19, девет починати и 289 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од новозаболените 409 случаи од Скопје се 218, Прилеп – 37, Битола – 32, Кавадарци – 19, Велес – 18, Македонски Брод – 9, Кичево и Гевгелија – по 8, Куманово и Богданци – по 7, Кочани, Струга и Ресен – по 6, Охрид – 5, Тетово и Штип – по 4, Струмица и Крива Паланка – по 3, Гостивар, Делчево и Валандово – по 2, Неготино, Радовиш и Виница – по 1.

Од деветте починати шест се од Скопје (62г, 65г, 73г, 74г, 88г и 90г) и по едно починато лице од Битола (52г), Кавадарци (39г) и Прилеп (63г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Од 289 оздравени пациенти 17 се од Охрид.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, пријавено е едно починато лице со датум на смрт 20.12.2021 година. Регистрираното починато лице е од Охрид (1), на возраст од 80 години. Починато во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица (n=10), три лица се целосно вакцинирани.

OhridNews