Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти. Од нив 32 се од Скопје, 38 од Куманово, 16 од Прилеп, 2 од Тетово и 7 лица од Велес, информира министерот за здравство Венко Филипче.

Во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а потврдени се 5 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје-2, Куманово-1, Прилеп-1 и Тетово-1. Досега во земјата се направени вкупно 17246 тестирања на коронавирус.

Во однос на оздравените пациенти од вчера направена е исправка, 2 лица кои се испишани од Инфективната клиника во Скопје од Прилеп и Струга се сеуште позитивни на вирусот, но во добра општа состојба се пуштени на домашно лекување.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1511, бројката на оздравени пациенти е 945, на починати е 84, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 482.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Куманово на возраст од 94 години, хоспитализиран на 28 април, а денеска институтот регистрира и пациентка од Струга на возраст од 69, која починала на 29 април на пат кон болницата во Охрид. Од страна на ЦЈЗ Охрид е земен постпортем брис кој покажал присуство на вирусот.

OhridNews