Ви претставуваме листа од намирници кои ќе ви помогнат да ја одржите кожата убава.
Авокадо
Ова зелено овошје е исклучително богато со есенцијални масла и витамини од Б комплексот кои ја негуваат кожата, како однадвор, така и одвнатре. Витаминот Б3 е особено важен за убавината и здравјето на кожата, а авокадото е намирница која го поседува во изобилство.
Манго
Мангото содржи повеќе од 80% од вашите дневни потреби за витаминот А, кој ја одржува и ги обновува клетките на кожата. Тој витамин делува антиоксидативно, што значи дека се бори со слободните радикали кои предизвикуваат предвремено стареење на кожата. Освен тоа, мангото соджи отприлика 70 калории по парче, па е одличен не само за вашето лице, туку и за линијата.
Бадеми
Бадемите се совршена намирница за одржување на тенот бидејќи се богати со витамин Е кој ја хидратизира кожата и ја штити од појавата на знаци на стареење.
Печурки
Печурките се одлични за вашата кожа. Тие изобилуваат со витамин Б2 кој е исклучително важен за одржување на младолик тен. Тој на кожата делува така што ја обновува и ги отстранува иритациите и црвенилото.
Ленено масло
Не е тајна дека Омега 3 киселините се еликсир за здравјето на вашата кожа, но дали сте знаеле дека лененото масло е еден од најдобрите извори на тие есенцијални масни киселини? Ова е одлична вест за сите кои не преферираат рибни специјалитети. Омега 3 масните киселини делуваат на намалување на лачењето на себум и одзатнување на порите, поради што вашето лице ќе изгледа беспрекорно.’
извор:zenstvena.com